Дистрибутерите и трговците, а не земјоделците се виновни што доматите се 120 денари, а кога ги откупиле од земјоделецот тоа го направиле за 30 денари, меѓутоа во ланецот додале огромни маржи, тврди Васка Мојсовска од Федерацијата на фармери.
Вие како потрошувачи купувате сурови на производи, на пример како домати, по 120 денари, додека на земјоделците им се откупуваат по 30 денари. Сето тоа е заради високите маржи коишто токму овие дистрибутери и трговци ги ставаат и за жал, кремот или заработката од нив ја земаат токму тие, а не оние вистинските производители, изјави таа.
Мерката за замрзнување на маржите уште не е донесена па македонските граѓани се изложени на немилосрдни цени во маркетите.