На почетокот на минатата недела еврото на светските пазари беше под силен притисок поради стравувањата на инвеститорите од излегување на Грција од еврозоната, откако стравовите спласнаа европска валута ги компензираше тие загуби.
Девизниот курс на еврото минатата недела во однос на американската валута зајакна за 0,4 проценти на 1,1160 $.
Во однос на јапонската валута еврото зајакна за 0,3 проценти и достигна 136,95 ¥.
Вредноста на доларот ослабна во однос на јенот за 0,10 проценти на 122,75 ¥.
На неделно ниво флуктуацијата на овие курсеви беше мала, но се трговаше многу бурно поради грчката должничка криза и кинеската берзанска криза.
На почетокот на неделата еврото беше под силен притисок поради тоа што се чинеше дека Грција е на чекор кон излез од еврозоната, откако Грците на референдумот гласаа “не” за понатамошни мерки на штедење.
Поради тоа на неколку наврати цената на еврото се спушти под 1.10 долари.
Од друга страна, поради грчката должничка криза и кинеската берзанска криза, каде цените на акциите во Шангај за три недели изгубија повеќе од 30 проценти од нивната вредност, на почетокот на неделата зајакнуваше јапонската валута која се смета за засолниште во несигурни времиња. Од истата причина зајакнат и швајцарскиот франк.
Но, од половината на седмицата, кога стравувањата во врска со Грција спласнаа, а цените на акциите во Кина се стабилизира, се стабилизираа и девизните пазарите . Еврото ги надохнади претходните загуби, додека јапонската валута ги изгуби сите придобивки.
Развојот на ситуацијата неделава ќе зависи од состанокот на членките на Европската унија, на кој ќе се разговара за можностите за решавање на грчката должничка криза.
Вредноста на доларот обезбеди поддршка откако во петокот претседателката на ФЕД, Janet Yellen, изјави дека очекува ФЕД оваа година во одреден момент да ги зголеми каматните стапки.
Ова, сепак, не е ништо ново, но сепак следните денови на девизните пазарите ќе ги поттикне шпекулациите за тоа дали зголемувањето на каматните стапки ќе се случи во септември или во декември. Дури и сега се шпекулира дека решавањето на грчката должничка криза на ФЕД може да и даде дополнителен импулс да започне со зголемување на каматните стапки оваа година.