На светските девизните пазари, еврото во однос на американскиот долар ослабе поради тоа што инвеститорите не се уверени дека Атина и нејзините доверители ќе постигнат договор за финансирање со што ќе ја спасат Грција од банкрот. Девизниот курс на еврото во однос на доларот ослабна за 0,6 проценти на 1,0830 $. Доларот зајакна и во однос на јапонскиот јен за 0,3 проценти на 119,50 јени.
Еврото е под притисок поради преговорите, помеѓу Грција и нејзините доверители кои се водеа за време на викендот, а не донесоа значајни резултати во однос на спроведувањето на реформите кои се неопходни како Атина би добила дополнителна помош од еврозоната.
Без нови финансиски инјекции, Грција наскоро нема да биде во можност да ги отплаќа долговите, а ни да ги докапитализира банките, од кои грците само минатиот месец повлекоа повеќе од седум милијарди евра во страв од банкрот и можноста Грција да ја напушти еврозоната.
“Доколку курсот на еврото не падне под 1,0770 $, очекуваме тргување во тесен опсег. Меѓутоа, како што Банката на федерални резерви ФЕД продолжува да го најавува зголемувањето на каматните стапки, на крајот на оваа недела би можело да се создадат услови за јакнење на американската валута”, изјави Jeremy Stretch, стратег за валути во CIBC World Markets.
Во петокот претседателот на ФЕД Janet Yellen изјави дека челниците на ФЕД сериозно разгледуваат за нормализација на монетарната политика и дека оваа година би можеле да почнат со постепено зголемување на каматните стапки, во зависност од економските индикатори.
А еден од првите макро економски извештаи кои би можеле да влијаат на одлуката на ФЕД е извештајот за вработувањето во САД, кој ќе биде објавен во петок. Аналитичарите проценуваат дека во март се отворени 244.000 нови работни места.
Доколку бидат потврдени овие проценки, тоа ќе биде 13-ти месец по ред каде бројот на вработени се зголемува за повеќе од 200.000 лица, што е најдолгата низа од 1994.-95 година. Ова ќе ги охрабри шпекулациите дека ФЕД ќе ги зголеми каматните стапки порано од очекуваното
“Ние веруваме дека ФЕД ќе ги зголеми каматните стапки порано и побрзо отколку што се очекува на пазарот. И како што Европската централна банка уште долго време ќе води лабава монетарна политика, вредноста на доларот ќе има солидна поддршка. И пред тоа тврдевме дека корекцијата на американскиот долар во последните две недели беше само привремено “, изјави Ray Attrill, стратег за валути во National Australia Bank.