Експлозија на цените на становите на цел Балкан. Ако до пред две години цените беа скоро унифицирани, денес драстично се разликуваат. Така сега квадрат стамбена површина во Белград е од 2.500 до 5.000 евра во зависност од населбата, Софија е со просечна цена од околу 3.000 евра квадрат, а во Грција сеуште можат да се најдат станови од 1.500 евра за метар квадратен доколку се за реновирање. Во Скопје во моментов цените се движат од 1.500 евра ако купувате стан во градба, а доколку е целосно завршен, цената оди и до 2.000.
Добрите познавачи на состојбите велат дека се случува некој феномен кој неможат да си го објаснат. Додека цените по метрополите на Балкан драстично се зголемуваат, цените на становите во крајбрежните градови драстично се паднати. Така стан во Херцег Нови се купува по цена од 1.200 евра за метар квадратен, додека становите на Будванската ривиера се многу поскапи. Цената за метар квадратен е најмалку 1.900 евра за стара зграда или 2.400 евра за нова зграда.
Според агенциите кои работат со недвижности, пресвртот се случил за време на ковид пандемијата посебно за становите кои се наоѓаат на море, каде побарувачката за недвижности падна за цели 30%. Но и покрај паднатиот интерес, цените на истите станови наместо нагло, почнаа постепено да паѓаат. Она што може да се види од огласите по црногорските медиуми просечната цена на стан во нова зграда во Подгорица моментално е 1.500 до 2.000 евра за метар квадратен. Во главниот град на Црна Гора во моментов се градат неколку илјади станови, а цените се очекува да се стабилизираат кога тие згради ќе бидат завршени. Тогаш, логично, бројот на станови ќе биде поголем, што би требало да доведе до намалување на цените.
Во Котор и Тиват минималната цена на старите згради е дури 2.000 евра за метар квадратен, додека цената на новите згради достигнува од 2.800 до 3.000 евра за метар квадратен. Од друга страна, Херцег Нови е поевтин, се наоѓаат и станови по цена од 1.200 евра за метар квадратен, додека становите на Будванската ривиера се многу поскапи. Цената за метар квадратен е најмалку 1.900 евра за стара зграда или 2.400 евра за нова зграда.
Кај нас состојбата хаотична. Се гради на секој чекор, а празни и непродадени станови речиси и да нема. Вака може да се опише моменталната состојба на пазарот за недвижности во земјава. Според податоците на агенциите за недвижности, цените на становите се движат од 1.600 до 2.000 евра за квадратен метар. Под илјада евра за квадрат скоро и да не може да се најде стан освен ако не е во приградска населби. Народната банка пред извесен период излезе со статистика за движењето на цените на становите во последниот квартал од 2022 година. Според пресметката на НБРМ, цените на становите во Македонија се зголемиле за 20,6 отсто.
Во Европа пазарот на недвижности по надолна линија
Експертите и аналитичарите сметаат дека европскиот пазар на недвижности минува низ многу лош и турбулентен период. Вредноста на недвижностите драстично се намали во сè повеќе земји. Цената на квадратен метар во некои земји падна во просек за 15 отсто и тоа најмногу во Шведска. Франција е уште една земја во Европа каде што вредноста на недвижностите падна. Во половина од 35-те најголеми градови во Франција се забележа пад на цените од 3 отсто во просек во однос на последните три месеци.
Што се однесува до Велика Британија, ситуацијата е многу слична со онаа во другите земји во Европа, иако падот на вредноста е процентуално помал отколку во Франција.