Според податоците на Македонската Берза, од вчера, можеме да констатираме дека прометот на берзата расте, расте интересот на инвеститорите, особено на домашните а следствено на овие комбинирани фактори растат и цените на акциите.

Вчера се забележа двоцифрен раст на цените на следните компании : Квасара А.Д. Битола, Тетекс А.Д. Тетово и Фершпед А.Д. Скопје, што со оглед на волуменот на истргувани акции и значителниот раст од 10,27 %, 10 %, 10 % – респективно, може да констатираме дека МБИ закрепнува, доволен број на македонски компании им оди добро, растат финансиските показатели и дека со стабилизирање на политичката ситуација во Р. Македонија претстојат плодни денови за берзанското работење.

Овој позитивен тренд е продолжеток на минатонеделниот, каде со солидно заздравување на МБИ – траекторијата на раст се задржува.

Мораме да забележиме дека очекуваме овие растови на цените на акциите да не бидат од чисто шпекулативен карактер и дека ќе ги следат финансиските показатели на компаниите.

 

 

Наум Димитровски