Државата веднаш да ги даде слободните земјоделски површини за да се посее пченица, пченка, јачмен, алармираат од Асоцијацијата на земјоделци. Велат дека сега нема простор да се чека со месеци за да се распределат овие површини. Со работа мора да се почне час поскоро за да се обезбеди доволно жито.
Од министерството за земјоделство потврдија дека на располагање ќе се стават околу 12 илјади хектари. Се прават сите анализи за да се обработи секое парче обработлива земја.
Околу 12.000 хектари државно земјоделско земјиште наскоро ќе биде објавено на јавен оглас. Земјоделците ќе може да аплицираат со назнака дека земјиштето треба да е наменето за производство на пченица и јачен, односно за поледелски култури. До министерството за финансии е доставен план што е тоа што треба да се направи на среден и на долг рок. Со планот е се предвидени мерки кои ќе придонесат за зголемени приноси од 30.000 тони пченица на среден рок и на долг рок Северна Македонија да не е повеќе увозно зависна од пченица, се вели во допсиот од министерството за земјоделство.
Поранешниот министер за земјоделство Димовски, пак проблемот го лоцира и кај она земјиште кое веќе е дадено на користење, но не се обработува.
Уште едне проблем за змејоделците е и набавката на вештачко ѓубриво, до кое се потешко доаѓаат, откако Русија го сопре извозот.
Со разгорувањето на руско- украинската криза извозот на жито и вештачко ѓубриво значително опадна. Па за да се заштити домашнит пазар, државата донесе мерки со кои го запре пласманот на масло и жито до средината на идниот месец. А за комплетно да се задоволат потребите од жито, следната недела се очекува Србија да ги испорача договорените количини на пченка и пченица.
Инаку според статистиката земјава последниве години континуирано бележи пад во производство на житни култури. Од Асоцијацијата на земјоделци велат дека во минатото ако Пелагонија покривала 60 проценти од потребите на жито, денеска овој процент е преполовен. Сметаат дека властите тука треба да го бараат решението.