Владите и централните банки низ светот мора да соработуваат во изработка на регулатива за крипто-активата за да се спречи тие да станат ново средство за перење пари и финансирање тероризам, предупреди денес директорката на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард.

Технологијата која се крие зад криптовалутите, вклучувајќи го блокчејнот, нуди возбудливи достигнувања кои, според неа, можат да го унапредот степенот на финансиска вклученост, особено во земјите со ниски примања каде милиони луѓе не поседуваат традиционални банкарски сметки.

 

„Меѓутоа, пред да стигнеме до тоа, потребно е да направиме чекор наназад и да ги согледаме ризиците кои доаѓаат со она што таа технологија го ветува“, напиша Лагард на својот блог пред средбата на министрите за финансии од Г20 следната недела, пренесува Ројтерс.

 

„Ваквите дигитални понуди се обично составени на децентрализиран начин и без потреба од една централна банка, шт на трансакциите во криптовалути им овозможува елемент на анонимност, во голема мера сличен на готовинската трансакција“, смета Лагард.

 

Резултат на тоа, предупредува шефицата на ММФ, е потенцијално ново средство за перење пари и финансирање тероризам.