(Блумберг) – Директорот на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард, издаде ново предупредување за тензиите во глобалната трговија и за заканите што престојат за светската економија.
Коментарите дојдоа два дена по твитовите од страна на американскиот претседател Доналд Трамп, предупредувајќи за нови тарифи за Кина, што означува ескалација на непријателствата, во услови на разговори со цел посредување кон решение на несогласувањата меѓу двете земји. САД, исто така, ја обвинија Кина за непочитување на обврските направени за време на преговорите.
“Сметавме дека оваа закана се намалува и односите се подобруваат и се движиме кон договор”, рече Лагард во Париз. “Се надеваме дека сеуште е вака, но денес , твитовите и коментарите од центрите на моќ не се многу поволни”.
Главниот кинески трговски преговарач Лиу Хи, се уште планира да ја посети САД оваа недела за трговски разговори. Трамп изјави дека планира да ги зголеми тарифите на 200 милијарди американски долари вредна кинеската стока на 25 % од 10 % и, исто така, може да наметне царини за “кратко” на 325 милијарди долари вреден кинески увоз што во моментов не е опфатен.
“Неопходно е трговските тензии да бидат решени на задоволителен начин за секого”, рече Лагард. “Денес, јасно е дека тензиите меѓу САД и Кина се закана за глобалната економија”.