(Време за читање 7 минути)
Пред неколку месеци кога почнав да пишувам крипто блогови, една од статиите беше за видовите на криптовалути. Како се категоризирани и најдобрите 5 криптовалути на пазарот. Во следните неколку статии ќе се обидам да ви ги објаснам овие валути подобро и да видиме зошто овие криптовалути се добри за инвестирање.
Одрекување од одговорност: Пред да започнеме сакам да ве предупредам – Јас не сум правен финансиски советник. Пред да инвестирате во било која од криптовалутите, треба да направите дополнителни истражувања и да разговарате со правен финансиски советник. Јас сум крипто ентузијаст и моите мислења во врска со криптовалутите се едноставно едукативни и информативни.
Биткоин и понатаму останува број еден монета за инвестирање. Исто така, уште една монета е Биткоин Кеш. Монета која ви ја објаснав во претходната статија. Ако сте ја пропуштиле оваа статија секогаш можете да проверите на мојот блог каде што ќе најдете список на сите мои статии. Денешната статија се однесува на Лајткоин. Монета која е позната како Сребро. Ако Биткоин се споредува со злато тогаш Лајткоин е сребро. Ајде да дознаеме повеќе за Лајткоин.
Лајткоин е всушност првиот Алткоин. Лајткоин е создадена на 7 Октомври 2011 година од страна на Чарли Ли, кој е поранешен работник во Гугл. И покрај Сатоши Накамото, креаторот на Биткоин , чиј идентитет е се уште мистерија, креаторот на Лајткоинот Чарли Ли е многу активен на социјалните медиуми и на неговиот блог. Целта за создавањето на Лајткоин не беше да се натпреварува против Биткоин, наместо тоа Лајткоин да дејствува како алтернатива за дополнителна исплата. Лајткоин беше дизајниран да го комплетира Биткоин во решавањето на проблемите како што се концентрираните рударски базени и временските трансакции.
Официјалната Веб страна на Лајткоин вели:
Лајткоин е (peer-to-peer) интернет валута која овозможува инстант плаќања, речиси со нула трошоци, за сите луѓе во светот.
Лајткоин е исто така, софтвер со отворен код, децентрализиран и поддржан од криптографска математичка формула за да ги обезбеди трансакциите. Чарли Ли го модифицирал кодот и протоколот од основниот код на Биткоин, на начин што тој го сметал за најдобар, со цел валутата да биде широко прифатена. Ли сакаше да го намали времетраењето на блок потврдата од 10 минути на 2,5 минути, за да може да се потврдат поголем број на трансакции. Со тоа Ли ги забрзува трансакциите на Лајткоин x4 (во споредба со Биткоин). Бидејќи блокчејнот на Лајткоин може да се справи со поголем обем на трансакции, неговата мрежата поддржува повеќе трансакции без потреба да се модифицира софтверот во иднина.
Лајткоин рударите исто како и Биткоин рударите се наградуваат за решавањето на математичкиот проблем. Разликата е во тоа што со Лајткоин тие добиваат награда од 50 монети по блок, додека со Биткоин тие добиваат една монета. Преполовувањето на блоковите е исто како и кај Биткоин на секои 4 години. Вкупниот број на Латјкоини е 84 милиони, што е за 4 пати повеќе од Биткоин.
Многу интересен факт е тоа што Лајткоин откако беше за прв пат пуштен на GitHub во 2011 година па се до 2016 година, немаше програмери со полно работно време. Само Чарли Ли (креаторот на Лајткоин) и Ворен Тогами (водечкиот развивач) беа поврзани софтверот со отворен код Лајткоин. Во 2016 година, доаѓа нов развивач кој се приклучува во Лајткоин тимот под псевдоним “Shaolinfry”. Во меѓувреме, Чарли Ли исто така работеше и со Coinbase (крипто менувачница), а во јуни 2017 година го напушти Coinbase и објваи на Твитер:
Денес ми е последниот ден во Coinbasе. Ќе ми недостасува работењето со сите вас Сега мојот фокус ќе биде пренасочен на Лајткоин. До Месечината!
Лајткоин работи на сличен начин како и Биткоин. И покрај Биткоин бумот, Лајткоин се покажа како безбеден рај, бидејќи е помалку променлив за разлика од Биткоин. Лајткоин има минимални трошоци за трансакции во споредба со Биткоин, што го прави очигледен избор за трговците. Времето со кое се потврдува на трансакцијата е 4 пати побрзо од Биткоин. Во моментов Лајткоин дејствува како место за тестирање за решенија на блокови како што се SegWit, Atomic Swaps и Lightning Networks. Во 2017 година Лајткоин го имплементира Segwit и експериментираше со Atomic Swaps.
Што е SegWit ? Сегвит (SegWit) или сегрегиран сведок (Segregated Witness) е решение за зголемување (скалирање)на блоковите. Со едноставни зборови SegWit значи одвојување на потписите на сведоците од трансакциите.
На пример: Замислете ги Лајткоин блоковите како вагони на возот кои ги носат патниците и нивниот багаж на секои 2,5 минути. Ова е времето за кое Лајткоин треба да креира нов блок. Сега, сакате да носите уште повеќе патници во истиот вагон. За да го направите ова, ќе почнете да го испраќате багажот од патниците одделно. Сега има повеќе простор во вагонот за повеќе патници.
Значи, за секој 1 MB Лајткоин блок, тој блок носи во себе трансакција и нејзиниот сведок (т.е. потписи) на секои 2,5 минути. Ако почнеме да ги испраќаме потписите одделно, тогаш повеќе трансакции ќе можат да се случат во тој блок од 1 MB. И тоа е она што Лајткоин и Сегвит го направија. Лајткоин заедницата ги одвои трансакциите и потписите.
Друга феноменална карактеристика што Лајткоин ја постигна после враќањето на Чарли Ли со полно работно време на проектот е Atomic Swaps. Atomic Swaps со едноставни зборови е еден вид размена на размената. Тоа е начин на размена на две различни криптовалути без посредство на менувачница.
Пример: Јас можам да ви испратам Лајткоин на вашата Лајткоин адреса а вие можете да ми испратите Биткоини на мојата Биткоин адреса. Овој вид на размена може да биде многу тежок. Бидејќи тоа не е ист блокчеин. Во овој случај има потреба од трета доверлива страна како на пример некоја менувачница како Bittrex и Poloniex. Bittrex и Poloniex ќе ви наплатат одредени такси за таа размена. Но, со технологијата Atomic Swap ова е бесплатно и е со одреден рок на време. На секоја странка и се даваат најмалку 24 часа за да ги откупи своите монети на другиот блокчејн пред да може да се изврши наплата. Оваа технологија се уште е во нејзиниот зачеток и ќе потрае некое време сè додеке не биде пошироко прифатена.
Доколку размислувате да инвестирате во Лајткоин, можете да купите на некои од најпопуларните берзи (менувачници) како: Bitfinex , Binance , Bittrex , Poloniex .
Откако ќе купите Лајткоин најдобар начин за чување на монеите е на некои од најпопуларните Ладни (хардвер) паричници, како Ledger Nano S или Trezor. И двата паричници го поддржуваат Лајткоин и не се толку скапи. Ledger Nano S можете да го најдете и за цена помала од 100 $.
Ако планирате тргувате со некои од вашите Лајткоини, најдобар начин е да зачувате одреден износ на вашиот Ладен паричник а оние за тргување може да ги зачувате на топол паричник. За Десктоп паричник може да го користите Exodus кој поддржува голем број на криптовалути меѓу кои и Лајткоин. Exodus е лесен за употреба и има висока безбедност.
Ако планирате да користите мобилен паричник тогаш можете да го користите Jaxx. Jaxx има една функција за обновување на клучот што ви овозможува да ги обновите вашите Лајткоини во случај вашиот уред да биде изгубен или оштетен.
Без разлика на тоа кој паричник ќе го одберете, секогаш одберете доверливи паричници. Секогаш направете некои истражувања пред да ги чувате вашите монети на место што не е безбедно. Ладните паричници се најдобри за долгорочно чување на вашите монети. Прочитајте ја мојата статија за крипто-паричници на мојот блог каде ќе дознаете кои се најдобрите паричници за складирање на вашите монети.
Сегашната цена на Litecoin изнесува 83 долари. Што ја прави оваа монета не толку скапа за инвестирање. Низ годините Лајткоин се етаблира како доверлива монета. Секогаш е во топ 5 те монети, без разлика на нејзината мала цена во споредба со Биткоин. Лајткоин има огромен потенцијал за раст и широко усвојување. Можеби има монети со понапредни функции од Lite, но Лајткоин, но Лајткоин е цврсто зацементирана како една од најважните криптовалути. Можеби не претставува сосема сребро на Биткоин златото, како што е широко познато, но сепак таа е многу скапоцена, и многу е мала веројатноста да биде отфрлена од страна на корисниците во скоро време.
До следната статија …. ПРЕД ДА ИНВЕСТИРАТЕ ВО БИЛО КОЈА МОНЕТА, КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ПРАВЕН ФИНАНСИСКИ СОВЕТНИК.
Ви благодарам што читавте
Регистрирајте се бесплатно на мојот блог:
https://darkokipariz.blogspot.com/
Следете ме на Фејсбук: http://bit.ly/2zDUBpp