Шпанската полиција минатата недела откри кинеска група која произвле околу милион евра во лажни монети од по две евра.
Кинеската група имала посебни машини за правење фалсификувани монети кои шпанската полиција ги откри во градот Толедо. Таму се најдени над 400 илјади фалсификувани монети од по 2 евра.
Полицијата која во соработка со Европол ја реализираше акцијата „Двојна ѕвезда“ уапси 10 кинески државјани и објави дека најмалку 100 илјади монети досега се употребени и се во оптек.
Шпанската полиција преку видео и фотографии објави информации како да бидат препознаени лажните евра. Тие немаат доволно детали и нарези на работ на монетите како вистинските евра, а како најлесен начин за проверка е употреба на магнет. Вистинските монети се демагнетизирани и не може да се фатат и залепат на магнет, додека лажните раегираат на привлекувањето на магнетот.
Монетите биле уфрлани преку кинески работници и студенти во Шпанија кои разменувале банкноти за монети евра, а најчесто се употребуваат за плаќање патарини, за купување во трафики и на туристички штандови, како и на отворени пазари.