Јапонски производител на електроника покажа возило како лета без патници во предградие на Токио, пренесува Блумберг.
Демонстрацијата откри голема амбиција: јапонската влада сака земјата да стане лидер во летачките автомобили, откако пропушти напредок во технологијата, како што се електричните автомобили.
Технолошкиот план на земјата предвидува испорака на стоки со летачки автомобили околу 2023 година и им дозволува на луѓето да возат летачки автомобили во градовите до 2030-тите.
„Јапонија е густо населена земја, што значи дека летачките автомобили би можеле во голема мерка да го намалат товарот на патниот транспорт“, рече Кују Окада, менаџер на проекти во НЕЦ. „Се позиционираме како водач за подвижност и транспорт во воздухот, обезбедувајќи податоци за локацијата и градење комуникациска инфраструктура за летачките автомобили“, рече тој.
Инвеститорите во земјата формираа специјализиран фонд, познат како Дрон фонд, посветен на инвестирање во автономни авиони и особено летачки автомобили.
Иако демонстрациите се меѓу првите од голема јапонска корпорација, НЕЦ планира масовно да произведува летечки автомобил, вели Окада.
Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк