Нагласеното зголемување на средствата за воените расходи и милитаризација за сметка на намалување на социјалната и еколошката компонента во буџетот е алармантен показател за приоритетите на оваа власт.

Буџетот за одбрана и купување оружје од САД, е зголемен за 13%, додека, власта на ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ на сопствените граѓани, односно лицата од социјални категории, по одредени параметри им скратува неверојатни 40%.