По целодневна дебата за изнаоѓање заеднички пристап за спречување на зголемените цени на енергенсите, лидерите на 27. членки на ЕУ се согласија да работат на доброволно заедничко купување гас и водород за да ја намалат цената во преговорите и рекоа дека платформата за купување на ЕУ ќе биде отворена и за Западен Балкан.

„Главната причина за високите цени на струјата се високите цени на гасот. Енергетскиот микс во европските земји е различен, но ни треба заеднички европски пристап. Дури 75 отсто од глобалниот пазар на гас од гасоводи е поврзан со европскиот пазар и затоа имаме огромна куповна моќ.

Затоа ќе ја искористиме заедничката позиција во преговорите наместо да се натпреваруваме меѓу себе и да ги зголемуваме цените“, изјави претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лаен.