Лимитот за плаќање во кеш досега беше 3.000 евра, а од 01.01.2024 изнесува 2.000 евра. Па така секоја исплата над таа сума ќе мора да оди жирално.
Согласно член 204 од Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, лимитот за готовински плаќања во износ од 3.000 евра или повеќе во денарска противвредност во форма на една или повеќе очигледно поврзани трансакции, кои не се извршени преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги се намалува на износ од 2.000 евра почнувајќи од 01.01.2024 година.
Да потсетиме дека до 2019-та лимитот за плаќање во кеш беше 500 евра, за во 2020 со законски измени да биде зголемен на 3.000 евра.
Според измените на Законот од први јануари оваа година, лимитот за готовинско плаќање изнесува 2.000 евра, а од наредната 2025-та година истиот дополнително ќе се намали на 1.000 евра.