Незадоволни од покачувањето на септемвриската пезнија за 5,3 отсто наместо очекуваните 6,8 отсто, но најважно, поради одбивањето на министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска за линеарно зголемување на пензиите, ги извади пензионерите од неколку општини во Кавадарци на протест. Тие рекоа дека можеби ќе пристапат и кон организирање на блокади на патишта. Барањата се линеарно зголемување на сите пензии за 5.000 денари и минимална пензија од 20.000 денари.
Претседателот на Иницијативниот одбор за поголеми права на пензионерите, Ѓорѓи Делов им ги соопшти утврдените барања од средбата на пензионери од повеќе општини, претставници на иницијативните одбори, што се одржа во петокот во Неготино.
„Линеарно покачување на пензиите од 5.000 денари, минималната пензија да изнесува 20 илјади денари, нова методологија за пресметување на пензиите, се барањата зад кои застанаа пензионери од повеќе општини, пренесе Делов.
Целта на протестот, како што беше кажано, е повисок стандард и помирен живот.
На состанокот во петокот беа искажани и размислувања за блокирање на патишта, за да се сврти вниманието на јавноста, кон проблемите со кои се соочуваат пензионерите со цел нивно решавање. Беше договорено да се побара прием кај премиерот Димитар Ковачевски и претседателот Стево Пендаровски за со нив да се поразговара за проблемите на пензионерите.
На средбата на претставниците на иницијативните одбори беше договорено да се направи основачко собрание и да се официјализира оваа иницијатива „Пензионери за достоен живот“ со свои тела и органи. За раководно лице, претседател, беше избран Драган Угриновски.
Вчера протестираа и неготински пензионери и одлучија в петок во девет часот да го блокираат влезот и излезот на Неготино, кај спортската сала. В петок повторно ќе протестираат и кавадаречките пензионери.