Се поизвесно е дека Лондон ќе го изгуби статусот на европска престолнина за тргување со акции поради Брегзит, со милијарди евра промет на дневна основа.

Се уште повеќе од половина од вкупната трговија со европски акции се реализира во Лондон, но без договор во преговорите меѓу Лондон и Брисел, сигурно е дека овој промет ќе се движи во рамките на територијата на ЕУ.

Инвеститорите стравуваат дека дисперзијата и расцепканоста на трговијата ќе се рефлектира во падот на цените на акциите.

Минатиот месец на лондонската берза сопствениците промениле 7,2 милијарди вредни акции на компании со седиште во ЕУ, што е околу 60 проценти од вкупниот промет на акциите во Лондон. Надежта дека на европските акционери може да им биде дозволено да продолжат со трговијата во Лондон не е многу реална.

Ова може да се види и од случајот со Швајцарија, каде што ЕУ де факто спречи тргување на европски хартии од вредност. Ова доведе до зголемување на цената на тргувањето со акциите во Цирих.

Според проценките на некои експерти, околу 30% од трговијата со акции од Лондон ќе се пресели во ЕУ.