Речиси 40% од глобалните инвестиции во секторот се концентрирани во Лондон, Њујорк и Сан Франциско
Лондон е град – најголем хаб за финтек компании во светот, покажуваат податоците на консултантската компанија Савилс.
Над 1000 финтек компании имаат седиште во главниот град на Велика Британија, вклучувајќи ги и WorldPay, Finastra, Monzo и TransferWise. Њујорк и Сан Франциско се рангирани на второ и трето место, соодветно.
Следуваат Сингапур, Париз, Пекинг и Мумбаи.
Во Лондон, Њујорк и Сан Франциско, сконцентрирани се скоро 40% од глобалните инвестиции во финансискиот сектор. Лондон се најде на првото место во однос на зделките, но во однос на обемот, Сан Франциско е лидер.
Другите центри на зголемена инвестиција во финтек технологијата се Париз, Берлин, Стокхолм, Сингапур, Атланта, Бостон, Пало Алто, Сао Паоло, Пекинг и Торонто.
Во извештајот се истакнува дека финтек компаниите рапидно растат и им требаат флексибилни простори за да се прошират во согласност со нивните деловни активности. Како резултат на тоа, значителен дел од компаниите се сместени на заеднички простор.
Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк