Финансирањето на кампањaтa е “срамно трошење на пари”, вели премиерката на Шкотска, Николас Старџн

Британскиот премиер Борис Џонсон се подготвува да ја одржи најголемата владина кампања по Втората светска војна, во обид да ја обедини јавноста зад неговиот план за Brexit, објави денеска Daily Telegraph од Лондон.

Новата конзервативна влада на Џонсон ќе потроши околу 100 милиони фунти (122 милиони долари) за рекламирање во текот на следните три месеци како главен дел од кампањата, весникот цитира неименувани владини извори.

Се вели дека е “најголемата кампања по Втората светска војна за подготвување Британија за Brexit без договор, со невидени маркетиншки кампањи преку билборди до радио и телевизија”.
Премиерката на Шкотска, Николас Стурџн, кој треба да се сретне со Џонсон подоцна неделава, напиша на Твитер дека финансирањето на кампањите е “срамно губење на пари”.

Владата на Џонсон дејствува, сугерирајќи дека Велика Британија ќе замине без договор, напиша државниот секретар Мајкл Гоу вчера во Сандеј Тајмс.

Гоу, кој ги предводи подготовките за излез во непредвидливи услови, рече дека „целиот апарат на владата работи напорно “, за Brexit без договор.

Министерот за финансии, Саџид Џавид, вчера за Сандеј Телеграф изјави дека владата ќе финансира една од најголемите кампањи за јавно информирање за да ги подготви луѓето и бизнисите за Brexit без договор.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк