Според британскиот министер за одбрана, границата меѓу мирот и војната е нејасна и Велика Британија треба да го заземе своето место како глобален лидер.
Велика Британија мора да биде подготвена да користи воена сила за поддршка на своите глобални интереси по напуштањето на Европската унија. Тоа го рече британскиот секретар за одбрана, Гевин Вилијамсон, во говорот денес во Лондон, цитиран од Ројтерс.
Според зборовите на министерот, границите меѓу мирот и војната стануваат сè понејасни.
Вилијамсон исто така ги нагласи и плановите за испраќање на нов носач на авиони во Тихиот Океан, инвестиции во киберарсенал, како и зацврстување на воените позиции на земјата по разводот со ЕУ.
“Brexit ни донесе одличен момент во нашата историја. Момент кога треба да го зајакнеме нашето глобално присуство “, рече министерот.
Во својот говор тој исто така ги утврди границите меѓу мирот и војната како “нејасни”, и посочи дека Велика Британија и нејзините сојузници треба да се подготвени да користат “тврда сила” во поддршка на своите интереси.
Во моментов Лондон се наоѓа во екот на една од најголемите турбулентните политички кризи од Втората светска војна наваму, откако премиерот Тереза Меј се обидува да постигне договор за излез од ЕУ, кој ќе биде прифатена како од Брисел, така и од пратениците во британскиот Парламент.
Во позадината на тоа – процесот за Brexit се гледа како удар по утврдениот политички поредок на Запад – Вилијамсон ќе изјави дека Лондон е подготвен за нови сојузи.
“Можеме да изградиме нови сојузи, да ги обновиме старите и најважно – ќе дадеме до знаење дека ние сме земја која ќе дејствува кога е потребно. И сме нација на која луѓето можат да се обратат кога светот има потреба од лидерство “, се вели во извадоците од говорот на Вилијамсон.
Во изјавата од понеделникот, министерот исто така ќе објави дека првата мисија на авиони HMS Queen Elizabeth ќе вклучува и активности во Средоземното Море, Блискиот Исток и Пацификот. Бродот ќе носи две американски ескадрили на Ф-35.
Вилијамсон исто така ќе ги нагласи блиските американско-британски односи и ќе ги повтори повиците на американскиот претседател Доналд Трамп за зголемување на трошоците за одбрана во НАТО, тврдејќи дека тие ќе бидат потребни за справување со руските провокации.
Според него цената за немешање често е “неприфатливо висока” !?!?!?!