Ситуацијата во автомобилската индустрија во светот и кај нас не била никогаш полоша од сега вели генералниот директор на Костал Виктор Мизо.Огромен е падот и во производството и продажбата,воениот конфликт меѓу Украина и Русија прави поголеми штети и од ковид пандемијата.
Голем дел од деловите за автомобили досега се произведуваа во Украина. Сега тоа е блокирано и остава тешка економска последица врз Европските пазари споделува заменик амбасадорот на Германија, Ото Граф.
Сепак и во времиња на криза фабриката Костал во Охрид денеска најави нова голема инвестиција која треба да донесе нови вработувања во Охридскиот регион. Станува збор за производство на полначи за електрични и хибридни автомобили инвестиција вредна 25милиони евра која ќе стартува од 2024 година а во првата фаза се очекува да донесе повеќе од 200 вработувања за охридско-струшкиот регион.