Цената на биткоинот падна до ниво, при што производството на криптовалутата веќе не е толку профитабилно, по некои проценки.

 

Биткоинот во моментов се тргува по цена од околу 8,000 долари, при што оние кои се занимаваат со „копање“ на криптовалутата практично излегуваат на нула според модел, развиен од страна на нашиот научен тим“, вели Томас Ли од „Fundstrat“.

 

Mоделот на „Fundstrat“ вклучува три фактори: трошоците за опрема, електричната енергија и други трошоци, како што е ладењето на просториите.

 

Вчера биткоинот се тргуваше по цена од околу 8.000 долари, според ценовниот индекс на „CoinDesk“ кој ги следи цените од четири големи берзи. Претходно, цената на биткоинот падна на 7.676,52 долари, што беше најниско ниво од 8-ми февруари.

Биткоинот се создава преку енергетски интензивен процес на „копање“, со користење на високи компјутерски способности за решавање на сложени математички задачи. „Копачите“ потоа добиваат наградувачки плати.

 

Ако трошокот за создавање на биткоинот е поголем од наградата, тогаш „копачите“ во теорија немаат поттик да го сторат тоа.

 

Во некои случаи „копачите“ едноставно ги исклучуваат машините, додека цената не порасне“, вели пред „CNBC“, Шон Ансти, коосновач и претседател на „Blockchain Intelligence Group“.

 

Профитот на „копачите“, пресметан во „hash rate“, или количеството компјутерска моќ, која мрежата на биткоинот ја консумира, падна за половина од овој месец, во споредба со декември, поради зголемениот интерес за екстракција на биткоини, вели Чарли Хејтер, извршен директор на „CryptoCompare“.

 

Кај традиционалните суровини, како златото кога цената е еднаква на трошоците за рударство, некои профитери прифаќаат тоа за индикатор дека цената е блиску до формирање на минимумот, бидејќи понудата се намалува.

Сепак, тоа е малку посложено кај биткоинот, бидејќи цената на рударството сè уште варира многу низ светот поради различните трошоци за електрична енергија.

Во главниот пазар на биткоинот – Кина, „копачите“ имаат пристап до многу евтина електрична енергија. За да може лице да се натпреварува со кинеските „копачи“, трошоците за електрична енергија треба да бидат 4 центи или помалку за киловат, вели Аншти.

 

Цената по која повеќето „копачи“ навистина ќе почнат да се откажуваат е околу 3.000 до 4.000 долари за биткоин, според „Fundstrat“. Од компанијата велат дека криптовалуата се тргувала по цена при која од нејзиното добивање не се заработува ништо и во јануари 2015-та година, кога еден биткоин чинел околу 200 долари.

Потоа цената полека се зголемува пред зголемувањето на цените да го достигне максимумот од над 19.000 долари. Оттогаш, биткоинот загуби повеќе од половина од својата вредност.