Најголемата компанија во светот за луксузни производи Louis Vuitton ја купува американската компанија за производство на луксузен накит Tiffany & Co за повеќе од 16 милијарди долари. Со оваа зделка сопственикот на LVMH, милијардерот Бернар Арно, добива поголем дел од еден од најбрзо растечките луксузни сектори.

Арно изјави дека Tiffany зад себе има несекојдневна историја и наследство и баш се вклопува со неговите други брендови Louis Vuitton и Bulgari. Tiffany се соочува со пад на продажбата погодена од послабата потрошувачка на туристите и посилниот американслки долари. Компанијата е вистинска институција во САД и главната продавница на компанијата се наоѓа до кулата на Доналд Трамп на Петтата авенија.

Славата на Tiffany почна во 1961 година со филмот „Појадок кај Тифани“ со актерката Одри Хепберн. Компанијата е основана во 1837 година и моментално има повеќе од 14.000 вработени и околу 300 продавници. LVMH, пак, има 75 брендови, 156.000 вработени и мрежа од повеќе од 4.590 продавници.