Директорката на УЈП Сања Лукаревска во вечерашното гостување во Клик Плус на ТВ21 кажа дека во иднина ќе се стави одредба со која ќе може да се објават јавно оние компании кои не исплаќаат плати на своите вработени.
„Измените во Законот за даночна постапка се во фаза на доработка, и ние сакаме да стави одредба со која ќе можеме јавно да ги објавиме компаниите кои не исплаќаат плата на своите вработени“, вели Лукаревска.