Директорката на УЈП Сања Лукаревска во гостувањето на Телевизија 24 изјави дека за работодавците кои земале државна помош, а не ги исплатиле платите на вработените, ќе има кривична одговорност.
Таа вели дека казни ќе следат и за компаниите кои по објавувањето на листата се нашле на неа и тогаш ги исплатиле платите на вработените.
„Од кога објавивме можеби некои од компаниите се пронајдоја во тие бројки и веднаш ги исплатија парите на работниците. Но, казни ќе има за сите и размислуваме да направиме и посебни контроли по други основи, не само по овој основ“, вели Лукаревска.
Владата пред неколку дена објави листа од 708 компании, кои земале државна помош, но не ги исплатиле платите на вработените.