Првиот човек на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска истакна дека моментално работат на истрага и откривање на еден специфичен ланец на компании кои се обиделе да ја изиграат државата. Откри дека станува збор за затајување на данок.
-За десетина дена ќе објавиме, работиме на специфичен ланец на нафтени компании кои се обиделе да го изиграат системот. Ние ќе ги споделиме сите факти и записници до надлежните компании, рече Лукаревска синоќа во емисијата „24 анализа“.
Според директорката на УЈП, имало обид да се сокрие данок во сметководствената евиденција.
Во делот на прибирање на даноци таа е задоволна од приходот кој изнесува 10 милијарди денари за ноември, односно 111 отсто споредено со планираниот, како и споредено со лани. Таа додаде дека поголеми приходи има не само од ДДВ туку и од приходи на плати.
Лукаревска вели дека кај нас перцепцијата кон даноците како државата да одзема нешто од граѓаните, но тоа се средства што потоа се враќаат кон граѓаните.
-Апсолутно зголемување на стапките на даноците нема да има, рече Лукаревска.