„Оваа Влада од 2017 година заклучно со буџетот 2024 година, за осум години има издвоено 8.5 милијарди евра за пензионерите. За 2024 година, за пензиите се предвидени дополнителни 100 милиони евра повеќе од претходната година,“ рече заменик претседателката на СДСМ и директорката на Управата за јавни работи, Сања Лукаревска во емисијата 24, Анализа на ТВ 24.
Таа потсети дека во време на ДПМНЕ во 2016 година просечната пензија изнесувала 13.754денари, а во март 2023 година таа е 20.100 денари, што претставува за 1.5 година раст од 24 отсто односно за 50 отсто раст на минималната и просечната пензија.