Од 1 март 2020 година, патниците во Луксембург веќе нема да мора да купуваат билети за автобуси и возови.

Концептот за одржлив транспорт наречен „Модул 2,0“ се заснова на префрлување од автомобили на автобуси и возови, пренесуваат странските медиуми. Само билети од прва класа ќе продолжат да се наплаќаат.

– Ова во голема мерка ќе придонесе за имиџот и привлечноста на Луксембург – рече премиерот на земјата, Хавиер Бетел.

Според извештаите на медиумите, ова не е само подарок за жителите на Луксембург и туристите, туку е и економско решение. За последните 20 години, населението на втората најмала земја на ЕУ се зголеми за една третина и половина од населението се странци.

Покрај тоа, околу 200 000 луѓе од Франција, Белгија и Германија работат секојдневно во Луксембург, што претставува зголемување од 140 проценти од 2000 година.

Голем број на возачи се очекува да се префрлат на јавниот превоз кога ќе биде бесплатен, но сакаат да го удвојат и бројот на паркинг-места за „паркирање и возење“ до 2025 година.

За сево ова Луксембург ќе троши 41 милион евра годишно.

 

Забрането превземање на содржината без претходна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк