Бидејќи многу од светските компании го губат европското седиште заради Брегзит, малата земја во срцето на Европа се покажа како идеална дестинација за ова. Благодарение на британското излегување од Европската унија, Луксембург моментно доживува еден вид преродба.

Според Fortune, главниот град, кој го носи името на државата, со децении бил заспан, средновековен град чии тивки улици биле дом на мистериозна финансиска индустрија. Бидејќи Велика Британија се подготвува да ја напушти Европската унија (ЕУ), многу компании заедно со Ирска, Франција и Германија го избираат Луксембург како нивна матична база во рамките на Унијата, ставајќи ја земјата за спиење на картата на претприемачи и инвеститори.

Поконкретно, Луксембург доби можност да стане финансиски центар само неколку години по не толку ласкавите откритија за даночниот систем на кралството.

Имено, до 1960-тите, економијата на Луксембург зависеше од челичната индустрија.

Сепак, економијата на земјата го смени фокусот откако европскиот закон им го олесни на менаџерите за средства да им продаваат заеднички обврзници на инвеститорите во недвижнини во 1980-тите.

Владата тогаш ги прифати овие промени многу побрзо од поголемите финансиски центри и веќе овозможи развој на влијателна дестинација за луѓе со пари.

Поблаги закони во комбинација со неславниот даночен систем полн со дупки, резултираа во репутацијата на Луксембург како даночен рај за мултинационалните корпорации, како и за мегабогаташите.

Но, во 2004 година, таканаречената афера „LuxLeaks“ изнесе на свет стотици компании, меѓу кои и „Амазон“ и „Федекс“, кои во тајност добија огромни даночни олеснувања.

Ова, пак, ја принуди Владата да ги заостри своите закони, особено во однос на банкарската тајна, и тоа, логично, резултираше во заминување на многу луксембуршки компании, кои оттогаш се обидоа да ги привлечат меѓународните компании.

Сепак, Брегзит ги насочи ваквите компании кон оваа мала земја, па денес eBay, Skype, PayPal и Alipay имаат свое седиште во Европа во главниот град на земјата, додека другите се преселуваат во Луксембург на месечна основа. Во моментов Луксембург има вкупно 84 меѓународни компании.

Инаку, Луксембург е втор по големина пазар на недвижнини по САД, со средства во вредност од приближно четири трилиони евра.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк