Заклучно со ноември, штедните влогови на граѓаните во домашните банки достигнаа 6,2 милијарди евра. Истражувањето на јавното мислење што го спроведе Фондот за осигурување депозити (ФОД) покажа дека дури 72,7 % од испитаниците изјавиле дека банките се сигурно место за чување на нивните заштеди.
Резултатите покажуваат дека 83,6 отсто од анкетираните знаат дека ФОД ги гарантира банкарските депозити. Сепак, сè уште има луѓе што се убедени дека тоа е во ингеренции на Народната банка, кои се претставени со одговорите на 16,4 отсто од испитаниците
Заклучно со ноември, штедните влогови на граѓаните во домашните банки достигнаа 6,2 милијарди евра. Само за еден месец, граѓаните ставиле во банка дури 113 милиони евра. Според податоците на Народната банка, во ноември, вкупните депозити се зголемени за 0,9 % на месечна основа, како резултат на растот на депозитите на секторот „домаќинства“, додека депозитите на корпоративниот сектор се намалени. Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити забележаа раст од 11 % поради повисоките депозити на двата сектора, со поголем придонес на депозитите на секторот „домаќинства“.
Истражувањето на јавното мислење што го спроведе Фондот за осигурување депозити (ФОД) покажа дека дури 72,7 % од испитаниците изјавиле дека банките се сигурно место за чување на нивните заштеди.
– Дури 83,6 % од испитаниците знаат дека Фондот за осигурување депозити ги гарантира банкарските депозити. Во 2024 година, процентот на граѓани што знаат дека депозитите се гарантирани од некоја институција во државата се искачи на 30,5 %, за разлика од 2019 година, кога овој процент изнесуваше само 9 %. Тоа укажува на фактот дека постои значителен напредок во информираноста на граѓаните за постоењето систем за гаранција на депозитите во банките во Република Македонија – велат од Фондот.
Сепак, сè уште има луѓе што се убедени дека тоа е во ингеренции на Народната банка, кои се претставени со одговорите на 16,4 % од испитаниците.
ФОД гарантира целосна исплата на штеден влог до 30.000 евра ако е депониран во некоја од 13-те банки во земјава, во случај ако западне банката во стечај или ликвидација. За поголема сума, штедачот ќе мора да почека и линеарно ќе биде обесштетен од стечајната маса на банката, заедно со другите нејзини доверители.
– Може да се забележи дека е зголемено познавањето за максималниот износ што Фондот за осигурување депозити го обесштетува во Македонија. Во 2019 година, само 19,4 отсто од испитаниците знаеле за овој износ, додека во 2024 година процентот на информираност пораснал на 64,8 отсто – се наведува во извештајот.