Владата на една од последните седници ја разгледала информацијата за регулирање на обврските и побарувањата на земјите сукцесори на поранешна СФРЈ кон и од „Адриа Банка Виена“ во ликвидација.
Владата ја овластила Виолета Стојановска Петровска, државен советник во Министерството за финансии и овластен претставник на земјава во Комитетот за распределба на финансиската актива и пасива за Анексот В од Спогодбата за сукцесија, да даде согласност за распределба на расположливите депозити во „Адриа Банка Виена“, доколку учеството на нашата држава изнесува најмалку 7,5%.