Македонија ја издава новата еврообврзница.
Од порталот наведуваат дека процесот започнал вчера и дека позајмуваме 700 милиони евра, а каматата се уште не е позната.
Еврообврзниците се издаваат за буџетска поддршка во 2021 година и за рефинансирање на обврските кои достасуваат по основ на отплата на државниот долг на Македонија, додека пак рокот на доспевање на еврообврзниците ќе биде 7 години, во зависност од пазарните услови и од интересите и побарувањата на инвеститорите.