Машинскиот и извршниот персонал на МЖ Транспорт од вчера попладне го блокираа железничкиот сообраќај низ цела држава.
Бараат зголемување на вредноста на бодот за 30 проценти, исплата на вториот дел од платата за февруари, исплата на ноќна работа за кондуктерите.
Од Синдикатот бараат и вработување на 40 машиновозачи за што, како што велат, уште во февруари имаат испратено барање до Министерството за транспорт и врски, Министерството за финансии и до Владата.
Од Железници потврдуваат дека и денеска нема да има возови низ државата.