Венецуела е најмизерна земја во светот, судејќи по “индексот на мизерија” кој ја мери невработеноста и растот на инфлацијата. Колку е поголема бројката, толку земјата е помизерна. На листата која ја предводи Венецуела Македонија е 15-та најмизерна земја во светот. Од регионот пред нас е само Босна и Херцеговина, а високо на листата, петта, е Турција.
Most ‘miserable’ countries, 2018.
1. Venezuela
2. Argentina
3. Iran
4. Brazil
5. Turkey
6. Nigeria
7. South Africa
8. Bosnia and Herzegovina
9. Egypt
10. Ukraine
11. Nicaragua
12. Jordan
13. Uruguay
14. Honduras
15. Macedonia(Economist Intelligence Unit)
“Индексот на мизерија” кој го смисли авторот Артур Окун, беше многу актуелен за време на мандатот на Џими Картер и Роналд Реган, пишува Економик тајмс.
Индексот на Окун се најде на критика кај оние кои се повикуваа на истражувањето според кое невработеноста влијае на среќата многу повеќе од инфлацијата.