Македонија и Република Косово денеска ќе потпишат меморандум за соработка во областа на регистрацијата на бизнисите, јавува МИА од Приштина.
Меморандумот во Министерството за трговија и индустрија на Косово ќе го потпишат директорката на Агенцијата за регистрација на бизнисите на Косово, Неџмие Селими и директорката на Центарот за регистрација на бизнисите на Северна Македонија, Марија Бошковска.
На церемонијата, како што е најавено, ќе присуствува и ќе се обрати косовскиот министер за трговија и индустрија, Ендрит Шаља.