Нашата држава е лидер во регионот во искористеноста на средставата предвидени преку ИПАРД претпристапните фондови. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Димковски најави дека од предвидените 68 милиони евра што се на располагање преку ИПАРД 2 програмата, во земјава се искористени 19 милиони евра а до крајот на годината се очекува да бидат искористени уште 8,7 милиони евра.
Претставниците на Европската комисија велат дека последните две години нашата држава бележи значаен напредок во процесот на користење на средствата за развој.
Најголем број од апликациите се на земјоделските стопанства за набавка на механизација, следуваат барањата за поддршка за преработувачката индустрија за воведување стандарди, а дел на мерката за диверзификација на бизнисот, што овозможува развој на руралните средини.