Македонија е оценета како медиумски најнеписмена земја во Европа според годишниот Индекс на институтот Отворено општество.- Софија.
Како индикатори се земаат распространувањето на лажните вести во 35 земји, медиумската слобода, образованието и нивото на доверба.
Финска, Данска, Холандија, Шведска и Естонија се медиумски најписмени нации.
Северна Македонија е на дното со 12 бода, Турција со 19, Албанија има 22, БИХ со 24 и Црна Гора има 29.
Чешка, Словачка и Полска во последните две години имаат тенденција на најголемо влошување на медиумската писменост.