Македонија продолжува да нижи неславни европски и светски рекорди по лош живот и низок животен стандард, народот тоне во сиромаштија, а најмладите се повеќе планираат да се иселат во западно европските земји.
Според статистиката на Еуростат, земјава е трета најсиромашна во Европа а речиси половина милион македонски граѓани живеат во екстремна сиромаштија. Најновите податоци на Државниот завод за статистика потврдуваат дека, 455.600 лица во Македонија живеат во тешки услови, што е 21,9% од вкупното население.
Со појавата на пандемијата која ја предизвика новиот корона вирус, економската состојба уште повеќе почна да се влошува, а над 50 илјади граѓани ги изгубија своите работни места и со тоа останаа без извор на егзистенција.
Македонија руши светски, црни рекорди и по број на починати од Ковид-19. Имено, Франс Прес направи анализа во која дојде до заклучок дека Македонија е меѓу првите пет држави во светот по смртност од корона вирусот. Односно, Македонија е петта во светот според смртноста од Ковид-19 на 100,000 жители.
Друг неславен рекорд кој државата, под раководство на Зоран Заев го освојува е тоа што македонските граѓани се најнесреќните во светот. Според истражувањето на јавното мислење што го направи агенцијата Галуп, Македонија е прогласена за најнесреќна земја на светот, односно се најде на врвот на листата со резултат од -3 поени.
Државава е на дното во Европа по демократија. Имено, Фридом Хаус излезе со листа на европските земји во кои е оценето нивото на демократија кое владее во нив, а Македонија е оценета како земја со хибриден режим.
Македонската држава е лидер во Европа по одлив на мозици и раселување на млади лица. Според угледниот британски Економист, Македонија е трета земја во Европа во која младите со високо стручна подготовка сакаат да си заминат.