Србија, Црна Гора, Косово и Македонија засега не пријавиле ново поскапување на струјата, објави ТРТ Балкан. Како што веќе пишуваше „Слободен печат“, последното зголемување на сметките за струја на македонските граѓани датира од 18 декември, а се применува од 1 јануари годинава и во просек изнесува помалку од еден процент. РКЕ тогаш објави дека зголемувањето на цените на струјата по блокови ќе се движи од 0,62 до 2,24 проценти или во просек поскапувањето ќе изнесува 0,92 проценти. Евтината струја, исто така, поскапи за минимални 0,9 проценти. Сега, во првиот блок киловат-час се наплаќа 6,58 денари, во вториот блок цената 7,71 денар, во третиот блок 9,57 денари додека во четвртиот блок киловат-час се наплаќа по цена од 20,4 денари.

– Со овие цени во 2024 година, Македонија имала најскапа цена на струјата за киловат-час од 6,08 денари, во Албанија е 5,72 денари, во Црна Гора – 5,49, во Србија – 4,81, во БИХ – 4,45 и во Косово – 4,05 денари – пишува во објавата на ТРТ Балкан на Инстаграм.
Од 1 јануари годинава, струјата во Хрватска поскапи за 3,7 отсто, па така заедно со поскапувањето од 6,5 отсто од 1 октомври 2024, сметките за струја за хрватските граѓани поскапеа за вкупно 10 отсто во период од три месеци. Во Федерацијата Босна и Херцеговина струјата е зголемена за 10,4 отсто за домаќинствата од 1 август 2024, а граѓаните подоцна пријавиле дека добиле сметки дури и повисоки од очекуваното поскапување.