Државата се соочува со недостаток на свежо свинско месо, има мало зголемување на ценат, десеткуван е свинскиот фонд во источниот регион, африканската свинска чума ги остави празни поголемиот дел од капацитетите, а лани во една од најголемите фарми биле уништени околу 9000 свињи.
Најмногу „удри“ на потегот од Штип до бугарска граница, Берово, Делчево, па надолу, Облешево, Кочани, Чешиново, па и кај нас, Штип и Карбинци. Овде се наоѓа и најголемата фарма, која задоволуваше 20 отсто од потребите на свинско месо во цела држава и затоа сега имаме недостог на свежо свинско месо, изјави Гоце Сарафимов, претседател на Асоцијацијата на земјоделци.
Забраната за увоз на свинско месо во Албанија, за нашата земја и произведители на месо не претставува проблем, бидејќи таму и ретко кога сме извезувале.
Не извезуваме скоро никаде. Во Србија имавме пред неколку години, а сега во моментот не извезуваме никаде зашто едвај ги задоволуваме нашите месари, додаде Серафимов
Фармерите се согласни дека проблемот со африканската свинска чума мора се надмине, за што им е потребна помош од државата, да донесе мерки и решенија за обнова на свинскиот фонд, бидејќи во скора иднина ќе биде увозно зависни и од свежо свинско месо.