Не се инвестира во инфраструктурата, а бројни се и импровизациите во овој сектор, посочи претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски.

Македонија е меѓу земјите со највисоки загуби на вода во регионот. Согласно податоците за 2023 година, загубите на ниво на цела држава изнесуваат меѓу 62 и 63 отсто.

Не се инвестира во инфраструктурата, а бројни се и импровизациите во овој сектор, посочи претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски.

„Ние како РКЕ во повеќе наврати кажавме дека не бегаме од таа одговорност и сме подготвени да ја определуваме крајната цена за сите водни услуги. Имајќи го предвид нашето искуство, гарантираме дека ќе ја подобриме ефикасноста на компаниите, ќе овозможиме поголем број инвестиции и за сметка на тоа ќе ги намалиме загубите на вода на државно ниво и нема да предизвикаме никакви ценовни шокови“, рече Бислимоски одговарајќи на новинарски прашања.

Со намалување на загубите ќе се зголемат и количините што ќе се фактурираат и на тој начин ќе нема потреба од зголемување на цената за водните услуги, смета првиот регулатор. Укажува дека е клучно да се обезбеди цена што ќе овозможи развој на претпријатијата, што ќе е тапна и прифатлива за крајните корисници, а регулаторот да ја преземе целосната надлежност во формирање на крајната цена.