Доказ дека економските политики и мерки на владата на СДСМ и ДУИ не даваат резултати се податоците за растот на БДП. Македонија според податоците 2021-ва година ја заврши со раст од само 4%, што е убедливо најнизок раст на БДП во споредба со земјите од регионот. Па така Косово во 2021 има раст на БДП од 10,53%, Албанија има раст 8,54%, а Србија има раст од 7,40%, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата посочуваат како докази дека власта на СДСМ и ДУИ водат катастрофална економска политики говорат и податоците од 2020 година.
– И тогаш Македонија имаше најлош резултат. Македонија 2020 година ја заврши со пад на БДП од -6,1%, Косово имаше помал пад од нас со -5,3%, Албанија со -4%, а Србија имаше пад на БДП од само – 0,9%. Овие податоци покажуваат дека и Србија и Албанија и Косово успеале да го надополнат падот кој што го имале во текот на 2020, а само ние доцниме цела година зад нив. Македонија со владата на СДСМ и ДУИ администрирана од Ковачевски е прва само по економски неуспеси. Дополнително на овој поразувачки показател Македонија достигна рекордно ниво на долг кој сега е 61% од БДП или над 7 милијарди евра, пад на индустриско производство и намален број на вработени во индустријата, се појаснува со партиското соопштение.