На работна средба со компании Стопанската  комора на Македонија ќе ги претстави мерките предвидени во Среднорочната програма за работа на Фондот за иновации и технолошки развој за финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија.

 

На  средбата, на која ќе учествува и Јован Деспотовски, в.д. директор на Фондот за иновации и технолошки развој, ќе се дискутира и за почетокот на имплементацијата на мерките на Фондот.