Јапонската влада одлучи да додели неповратни грантови во вредност од 428.066 илјади евра за пет здравствени и четири образовни институции од Македонија
Како што инфомираат од Амбасадата на Јапонија договорите кои оваа година се во рамки на „Грант програмата за мали проекти“ ќе ги потпишат добитниците на грантовите и првиот резидентен амбасадор во Македонија, Кеико Ханеда.
На церемонијата свое обраќање предвидено е да имаат вицепремиерот Бујар Османи, министерот за здравство Венко Филипче и министерката за образование Рената Дескоска.