Според најновата листа на Светскиот совет за злато, (World Gold Council), најголемите златни резерви во светот с’е уште имаат САД. Со 8.133,5 тони, тие се убедливо водат пред Германија – 3.337,6, Италија (2.451,8), Франција (2,436) и Русија која има
Резервите на злато на Меѓународниот монетарен фонд се 2.814 тони.
Во регионот најголеми резерви на злато поседува Србија – 19,4 тони. Златото како дел од девизните резерви на Народната банка на Србија (НБС) учествува со седум проценти од вкупната структура на девизните резерви.
Златните резерви на Македонија изнесуваат 6,9 тони, Словенија има 3,2 тони, а Босна и Херцеговина поседува три тони.
Хрватска, заедно со Норвешка, е единствената земја во Европа која нема свои резерви на злато, од 2001 година, кога Хрватската народна банка ги продаде сите свои златни резерви – вкупно 13.127 тони.
Црна Гора со резерви на злато од 1.090 килограми не е на списокот меѓу 100 држави