Друштвото со своето работење во даванаесетте месеци од 2017 година од пружените хотелски и ресторански услуги како основна дејност како и од други споредни дејности оствари позитивен финансиски резултат со бруто добивка од 119,74 мил. денари која е за 8,45% помала во однос на истиот период од претходната 2016 година или нето добивка 109,95 мил. денари која е за 6,53% помала од истиот период во минатата година.
Работењето на друштвото беше во услови на бавен економски раст на глобалните економски активности и ниска стапка на инфлација, како и во услови на благ пораст на БДП во земјата, зголемени цени на производите на мало и зголемување на личната потрошувачка, а кое се одрази и врз остварените финансиски резултати од работењето на Друштвото во дванаесетте месеци од тековната 2017 година.
Вкупните приходи за 2017 год. изнесуваат 359,29 мил. денари и се остварени со 98% во однос на истиот период од претходната година, истите се за 1,91% помали во споредба со дванаесетте месеци од минатата 2016 година.
Вкупните трошоци и расходи од редовното работење во 2017 год. изнесуваат 239,55 мил. денари и се зголемени за 1,73% во однос на истиот период од 2016 година.
Притоа останатите финансиски показатели како што се степенот на финансиска сигурност, степенот на самофинансирање и општата ликвидност се на доста високо ниво.
Во наредната година Менаџметот на Друштвото ќе настојува да го подобри резултатот од работење во однос на 2017 година
Дивиденда – На 19.04.2017 година на Годишното собрание на акционерите на Друштвото е одобрена пресметка и исплата на бруто дивиденда за 2016 година во износ од 75.730.513 денари. Дивидендата за 2016 година е исплатена во законски определениот рок.
Обврски по кредити – Македонијатурист АД Скопје нема обврски по кредити и нема промени во нови кредитни задолжувања.
Финансиските извештаи може да ги погледнете на следниов линк.