По политичката криза минатата година, Македонската берза во првиот квартал од годинава бележи енормно зголемување на прометот од 325 насто. Од јануари до март кај класичното тргување остварен е промет од 18 милиони евра што е за 55 проценти повеќе од истиот период лани.

Прометот кај акциите е зголемен за 34 насто, а кај блок транскациите, дури 992 проценти. Вредноста на МБИ 10 индексот во првите три месеци од годинава бележи раст од 23 насто.

 

Но, минатата година воопшто не била лоша за банкарите.  7 од вкупно 8 котирани банки освариле добивка од 93 милиони евра или 8,4 проценти повеќе од  2016 година. Добро се работело и во фармацевската индустрија. Профитот таму е 15 милиони евра, 11 проценти повеќе од претходната година.

Компаниите кои котираат на Македонска берза лани оствариле вкупна  нето добивка од 170 милиони евра, 2 проценти помалку од 2016. Од 101 компанија кои  доставиле извештаи до берзата  78 прикажале добивка, 23 работеле со загуба. Еве кои компании лани имале најголема добивка. На првите две места се НЛБ банка и Стопанска банка Скопје. По нив се Македонскиот телеком и Цементарница Усје.

Најголем пад лани е забележан во градежништвото. Дејноста која изминатите години беше двигател на македонската економија, во 2017 година на берзата има пад од близу 70 отсто. Во Македонија лани лошо и одело и на трговијата. Пад од 14 отсто е регистриран и кај земјоделието и кај индустријата.