Едино побудали од овие што побараа државност и самостојност во деведесеттите овде, беа само оние што тоа го дозволија тоа.
Овие првиве и можам да ги разберам… Полуписмени романтик-квази-националисти, кои виделе коњот дека се потковува во Словенија и Хрватска ( со јаки узди и мамузи од САД и Германија ), па и жабиве овде ја кренаа ногата. Ни појќе, ни помалку, држава и ние ќе прајме, возот да го фатиме и ние. Дали имаме бројки, кадар, економија од обем, услови и детерминираност, не е важно… Важно е да се искурчиме, и од намус, да не останиме копилетата на Балканите, и ние ко дуздисана Ѓурѓа на панаѓур, да ја покажиме својата држава, античност и автентичност. Класичен сон на секој неизживеан, но исдоктриниран скоројевиќ.
Овие пак другиве, (не)намерно, губејќи го тлото под нозете – допуштија. Ама бар тие да речеа, сачекајте тро другови, немате вие кадар, ни искуство, ни знаење како се води држава. Не журите… Ама, најверојатно, и тие, преокупирани со нивни проблеми и војни, се повлекоа пред налетот на античково лудило.
Резултатов е тој што го гледаме, после 30 години, престорени во протекторат, со лептир-идентитет, мајтап за сите комшии, самоодречени и финансиски унаказени, темниот вилает на Балканот со најнискиот стандард во Европа. Ама, што викаат кумановци, на гол гз гајтан, за внатрешни употреби и фодулења, ни немат рамни, и од овие намус-ставови и селско-егоцентрични неизживеаности, тие кои останаа во рупава, сите си ги вработија своите брачеди, тетки, вујни и деца, по јавниот сектор. Мала е платата, ама барем е редовно… И плус тоа баци, не работам ништо… Го заебвам буџетов и ги изигравам другиве мајмуни од плебсов.
Арно ама, идет фактурите.
Излезе новава министерка за финансии и јавно обзнани, дека неколку јавни предузеќа, полни со брачеди и вујни, кои години дисциплинирано го празнат буџетов, сега да ти биле пола милијарда евра во була, со клаузула дека државава со заедничкиот буџет, гарантира за нивниве загуби. Класична Смиленски/Трпески шема од деведесеттите.
Сакам да ја пофалам новата министерка за пристапот, и да ја охрабрам вака јавно да ги кажува сите паразити на буџетот.
Претходнион пак, министер за финансии, од малцинствоно со посебни потреби, тотално не можеше во вакво светло да го видиш. Мумла нешто, не кажува за дупкиве и борџојве. Негова работа беше што повеќе брачеди и борци, од неговиот табор, да ги стави на буџетска компензација. Компензацијава едноставно им следи со роџење, како специменти на избрано и као обесправено малцинство, и со самото тоа се класифицира за доживотна пензија, која нормално, ние ќе му ја плаќаме. Се надевам дека никогаш повеќе таков министер како претходниот нема да имаме. Абре, не можеме да му ја дозволиме државната каса на лик кој мумла, етно-шовинист и мативода. Така нека си мумла на домашниот буџет, а ако е министер треба јавно и гласно – вака како актуелнава – да кажи од каде туши бродот.
Но, исто така, треба да се изготви план за овие „буџетски загубари“ и да се најде солуција со која нема да не цедат до бескрај.
Ако немаат солуција и не знаат решение, или пак, имаат свои брачеди таму, еве еден предлог: Секој ваков загубар на кој државава му ги исплаќа кредитите, под хитно, ликвидација, и со клоци бркање од чистачи до директори, а ентитетот бришење од Централен Регистар. И не се замарајте што ќе прават вработените таму, нив да им се бараат парите кои ги земале како плата сите овие години, дремејќи на тоа бироата замастени од буреци, за да се компензира заедничкиот буџет. Пошо, тие додека дремеле, другиве се прекршвеле од работа за да го полнат.
А и ако ги затвориме овие лузерски креатури што ќе загубиме?
Што ако ја затвориме Македонска Пошта? Па цело време книжи загуби, пратките секако ни стигаат и праќаме по приватни пошти, секако ако пратиш со неа нешто, не стигнува. По гла!
Што ако ги затвориме овие глупостиве за патишта? Па ние имаме најкрш патишта од цела Европа… За што земаат тие дебили плати? Нема ни да осетиме дали постојат или не постојат. По гла!
Што ако ги избркаме сите сообраќајци полицајци и ги замениме со ЦЦТВ камери и радари како низ цел свет? Ем 50 пати поголема наплата и приливи во буџетот, ем нема да ги гледаме како дремат и бркаат приватни бизниси на смена и наплаќаат рушвет од возачите. По гла!
Што ако затвориме еден куп агенции, јавни предузеќа, секретаријати и останати форми на партиско ухлебување – полни со брачеди, вујни, стрини и плакатолепачи? Мислите нешто ќе ви се смени во светогледот или ќе опадне квалитетот на животот овде? Не бе другари, пониско од ова нема… Можда има во Свазиленд… Зато – По гла!
Наравоучение: Брачедска економија не може да се води. Тоа на сите не води во пропаст. Ќе дојде време, многу слично на грчата должничка криза, кога поради неможност за сервисирање на кредитите, ММФ, Светска Банка и останати кредитори, ќе направат конзорциум, ќе го кренат на клоци и министерот за финансии, а и Владата на земјава, ќе направат брзи и ефективни реформи, ќе избркаат 80% од брачедиве по администрацијава, а за да се вратат кредитите, даноците на имот ( станови, куќи, земјиште ) ќе ги подигнат за 5000% – како во Грција пред 15 години, и тотално ќе не отселат тогаш. Ако сакате да се зачува оваа држава – оваа реформа мора да ја направите вие. Ако не – ќе ја направат странските финансиери.
Зато нова министерке за финансии – мавај по гла!
Наум Димитровски