Македонската возачка дозвола  ќе биде признаена во Германија во текот на следните месеци. На тукушто завршената 76та седница на Владата на РМ усвоен е извештајот за Декларацијата за возачки дозволи со СР Германија. Ова е последниот чекор пред потпишувањето од страна на двајцата министри, по што мерката и официјално би стапила на сила.

Возачките дозволи ќе им бидат признаени на полнолетни лица со важечка возачка дозвола. Дозволите потребно е да бидат издадени од надлежните органи во Македонија и Германија. Лицата треба да поседуваат законски престој на македонска територија. Тоа значи најмалку 180 дена во една календарска година. Оваа бројка на територијата на Германија е најмалку 185 дена во годината.

 

Иницијативата премина на државно ниво откако беше собрана една од најмасовните граѓански петиции организирани од македонци. Над 42,000 луѓе ја поддржаа иницијативата ширум светот од кои што 14,000 во Германија.

Решавањето прашањето за македонските државјани кои имаат постојано живеалиште во Германија е мошне значаен чекор. Тие во моментов имаат право на управување само во првите шест месеци од нивниот престој. Доколку сакаат да управуваат потоа мораат да полагаат германски возачки испит. Тоа може да чини од 1,500 до 2,000 евра, но и многу време.

Проценките на DW за бројот на иселени македонски граѓани во Германија се околу 100,000 граѓани на Македонија.

Практика е државите од Балканот кои не се дел од ЕУ да потпишуваат билатерални договори со Германија за регулирање на возачките дозволи. Босна и Херцеговина и Србија веќе извесно време имаат такви договори. Македонија само што не ги остварила.

 

 

 

 

 

 

 

 

Извор: Bits of insurance