Како што соопштија од Кабинетот на министерот задолжен за дијаспора, врз основа на потребите на нашите иселеници во Италија и врз основа на договорот за финансиска поддршка меѓу нашата држава и компанијата „Виз Ер“ реализиран во 2019 година, министерот Џемаил Чупи испратил барање до Министерството за транспорт и врски да се изнајдат можности за отворање на дополнителна авионска линија на релација Тревизо-Охрид

Претставници на дијаспората од нашата земја во Италија денеска остварија средба со министерот задолжен за дијаспора, Џемаил Чупи, од кого побараа да се воспостави нова авионска линија на релација Тревизо-Охрид.

Како што соопштија од Кабинетот на министерот задолжен за дијаспора, врз основа на потребите на нашите иселеници во Италија и врз основа на договорот за финансиска поддршка меѓу нашата држава и компанијата „Виз Ер“ реализиран во 2019 година за осум авионски линии, Чупи испратил барање до Министерството за транспорт и врски да се изнајдат можности за отворање на дополнителна авионска линија на релација Тревизо-Охрид.

Во градот Тревизо, односно во регионот на Венето, живеат и работат околу 25 000 граѓани од Северна Македонија, од кои половината се од југозападниот регион – Дебар, Центар Жупа, Кичево, Охрид, Струга, вклучително и општина Маврово-Ростуше.