Се зголемува бројот на сместувачки капацитети во мали винарници, информираа денеска од Здружението Македонски семејни винарии, преку својата Фејсбук страница. Оттаму појаснија дека се комплетира уште една винска приказна од идејата мали семејни винарии.
Имено, по претходно две мали семејни винарии членки на здружението, што имаа свои сместувачки капацитети, отсега уште една мала семејна винарница има сместуваки капацитет апармани за 12 луге. Се работи за сопствена инвестиција од 85 000 евра на фамилијата Златковиќ.
– Идејата за малите семејни винарии, душата на винскиот туризам мора да продолжи. Тиквешкиот регион за неколу години ќе прерасне во Тоскана на Балканот, напишаа од Македонски семејни винарии.